Никогаш не прифаќајте постојано да бидете исцрпени, а да не знаете зошто. Сите имаме премногу обврски, на работен, но и на личен план, што не значи дека не заслужуваме да бидеме одморени.
Прочитајте од каде најверојатно потекнува исцрпеноста.
Проблеми со тироидната жлезда
Жлездата на средина од вратот е клучна за енергијата. Ако е хиперактивна или хипоактивна, тоа може да предизвика проблеми. Ако работи забрзано, бргу ја трошите енергијата. Ако работи забавено, тогаш не можете да добиете доволно енергија. Проблемите со оваа жлезда се чести кај жените, особено по бременоста.
Срцеви заболувања
Кај жените, симптомите на срцевите заболувања се манифестираат поинаку отколку кај мажите. Ако кај Вас се присутни фактори кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, како што се прекумерна телесна тежина, дијабетес или повишен крвен притисок, можеби е време да отидете на преглед.
Витамин Д
Недостигот од овој витамин може да доведе до намалена цврстина на коските. Едноставниот тест на крвта може да го разреши ова прашање. Причините кои доведуваат до недостиг на овој витамин се – недоволно конзумирање млеко и млечни производи, намалена изложеност на сончева светлина, вегетеријанство или веганство.
Анемија
Недостигот на железо во крвта може да биде главен причинител на анемија и хроничен замор. Повторно, следењето строга вегетеријанска или веганска исхрана може да доведе до намалување на внесот на храна богата со железо. Фолатите исто така се многу важни за црвените крвни зрнца, а со тоа и за енергијата. Исто така, жените можат да загубат доста крв во текот на менструацијата, што пак може да доведе до хронична анемија. Ако следите некоја исхрана со строги правила, консултирајте се со нутриционист за да бидете сигурни дека не си наштетувате на здравјето.
’Рчење
Доколку ’рчите, а сте константно изморени, споделете ја таа информација со матичниот лекар. Кога ’рчите, на моменти престанувате да дишете, па мозокот Ве буди за да го рестартира процесот. Постојаната ненаспаност пак води до постојан замор.
Ненаспаност
Кога го жртвувате спиењето за да ги завршите сите обврски, сериозно си наштетувате на здравјето. Колку повеќе скусувате од спиењето, толку хроничниот замор ќе станува полош, до точката кога ќе немате енергија ниту да станете од кревет наутро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Организмот ќе ве предупреди: Овие симптоми за срцев удар морате да ги препознаете
-
РСБСП со препорака:Не тргувајте на пат уморни!
-
Пике повторно исвиркуван: Ако не се чувствувам како Шпанец нема да играм за репрезентацијата
-
Местото на телото каде што имате масни наслаги говори за вашиот здравствен проблем