| четврток, 6 декември 2018 |

Местото на телото каде што имате масни наслаги говори за вашиот здравствен проблем

Секој тип на масти зборува за здравјето. Иако градбата во голема мера е условена од генетиката, распоредот на масни наслаги зборува повеќе за нашето здравје отколку што мислиме. Местото на кое килограмите постојано ви се таложат зборува за тоа кој здравствен проблем го имате.

Масти на стомакот

Доколку стомакот е вашата проблематична област, најверојатната причина за тоа е стресот, покажала студијата на Универзитетот „Јејл“. Имено, поголемата изложеност на стрес ја зголемува активноста на хормонот кортизол, а мастите на абдоменот имаат повеќе рецептори за кортизол отколку било кои други масти на телото. Не треба премногу да вежбате, вашиот избор нека бидат прошетките и јогата. На тој начин ќе го намалите стресот и масните наслаги на вашиот стомак. Избегнувајте бел леб и тестенини.

Силни листови

Ако вашите листови се речиси со еднаква широчина како и бутовите, тоа е најчесто последица на недоволен одмор на нозете, будење среде ноќ и недоволна количина на длабок сон. Решение: три часа пред да си легнете избегнувајте било какви јаглехидрати и шеќер.

Масни наслаги на грбот

Мастите кои се таложат на грбот се почести кај жените и тоа значи дека вашиот желудник слабо ги вари јаглехидратите. Решение: максимална редукција во исхраната и замена на белиот леб со оној со цели зрна.

Масти на рацете

Опуштените раце се показател дека вашите раце ви се проблематична област. Тоа значи дека во вашето тело се таложат токсини. Решение: Бикрам јогата е одлично решение за елиминација на масните наслаги на рацете.

Отечени образи

Ако имате тркалезно лице, подбрадок и ви се појавуваат први знаци на дебелеење, најверојатната причина за тоа е задржување на водата. Решение: Намалете го внесот на алкохолни пијалоци и поттикнете ја циркулацијата на таа област со благи кружни движења неколку пати на ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top