| четврток, 6 декември 2018 |

Организмот ќе ве предупреди: Овие симптоми за срцев удар морате да ги препознаете

Општо познато е дека симптомите на срцевиот удар можат да се воочат и пред да дојде до него. Нападот може да изненади и да биде без предупредување, со што го прави еден од најсмртоносните медицински состојби.

Меѓутоа, малкумина знаат дека суптилните траги за можен срцев удар можат да се воочат дури еден месец порано.

До срцев удар доаѓа кога ќе се запуши коронарната артерија. Поради тоа што крвта не може да дојде до срцето, тоа престанува со работа. Кога ќе дојде до срцев удар, ткивото умира поради недостиг од доток на крв и лицето доживува неверојатна болка.

Доколку нема медицински лица во околината кои веднаш би го спречиле нападот, изумирањето на ткивото може да биде фатално.

Овде ќе ви ги претставиме симптомите кои би можеле да ви укажат на можност од срцев напад во иднина.

Се наведува дека овие симптоми би можеле да помогнат во предвидувањето на срцевиот удар и до месец дена однапред.

Неверојатен умор

Кога стеснатите коронарни артерии го достигаат опасното ниво, вашето срце прима помалку крв, поради што срцевиот мускул работи посилно од вообичаено, и притоа се јавува умор.

Губиток на здив

Доколку тешко доаѓате до здив, постои ризик дека ќе добиете напад. Кога срцето добива помалку крв, и помала е снабденоста со кислород, доаѓа до губиток на здивот.

Кардиоваскуларниот и респираторниот систем потполно зависат еден од друг, па така тоа би можело да биде добар показател.

Слабост

Кога вашето тело нема доволно кислород поради намалениот доток на крвта, се чувствувате послабо од вообичаено.

Тоа е затоа што стеснатите артерии ја намалуваат циркулацијата, поради што мускулите не добиваат доволно крв.

Ова е особено важно: Дали ви се случува ненадејно да ве облие студена пот, или да добиете “вртоглавица”?

Вртоглавица и/или студена пот

Кога на повидок е срцев удар, можете да доживувате необични бранови од ладна пот и/или вртоглавици. Слабата циркулација оневозможува доток на крв во мозокот, што предизвикува вртоглавица, особено кога нагло ќе станете од стол или кревет.

Непријатност во градите

Недостигот на кислород поради намалениот проток може да предизвика непријатност во градите. Болката може да се зголемува се до моментот кога ќе настапи срцевиот удар.

Што да се прави?

Доколку имате некои од овие симптоми или повеќе од нив, би требало веднаш да побарате совет од лекар. Ова се знаци дека постои ризик од срцев удар, а најдобриот начин да се спречи е навремено да се реагира.

Жените обично имаат посуптилни симптоми, кои се јавуваат предоцна. Затоа на жените им се советува почесто да посетуваат лекар и да одат на редовни прегледи.

Бидете особено внимателни доколку некој во вашата фамилија веќе доживеал срцев удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top