Повеќе од 50 милиони евра за неполни девет години државата има инвестирано во изградба на нови и реконструкција на веќе постоечки училишта низ цела Македонија. Станува збор за модернизација на основни и средни образовни институции, каде што учениците ќе добијат современи услови за следење настава.
Како што рече премиерот Никола Груевски при посетата ОУ „Браќа Миладиновци“ во општина Илинден, ширум цела Македонија за изградба на 74 нови училишта се инвестирани над 20 милиони евра, а за извршена темелна реконструкција на 350 постоечки училишта инвестирани се околу 30 милиони евра.
– Од почетокот на летото минатата година досега целосно е завршена изградбата на 10 нови училишта и доградба на други две училишта. Во моментот се работи на доградба на други две училишта во „Ѓорче Петров“ и во Сливник-Велес кои ќе бидат заокружени до крајот на календарската година, со што бројката ќе достигне 74 новоизградени, изјави премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.