Продолжуваат натпреварите во Премиер лигата. Ако во првото коло екипата на Вест Хем беше најпријатното изненадување со победата над Арсенал на гостински терен, денеска избраниците на Славен Билиќ се посрамотија пред своите гледачи и беа поразени од Лестер со 1-2. „Чеканите“ одиграа слаб и анемичен натпревар и сосема заслужено беа поразани.
„Лисиците“ одиграа одлично во првото полувреме и поведе со 0-2, домаќините преку Паје успеаја само да го ублажат поразот, но не и да стигнат до бод. Дополнителен проблем за Славен Билиќ сигурно ќе претставува црвениот картон на голманот Адријан заработен во самиот финиш, поради што шпанскиот чувар на мрежата ќе ги пропушти следните три меча за Вест Хем.
Тотенхем ги повтори слабостите од претходните години, ремизирајќи добиен меч на домашен терен против Стоук. Спарси имаа водство од 2-0 по првите 45 минути, но падот на концентрацијата во последните петнаесетина минути им овозможи на гостите преку Арнаутовиќ и Диуф да дојдат до голем бод на „Вајт харт лејн“.
Резултати Англија:
Саутемптон – Евертон 0-3, Свонси – Њукасл 2-0, Тотенхем – Стоук 2-1, Сандерленд – Норвич 1-3, Ватфорд – ВБА 0-0, Вест хем – Лестер 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)