Со вчерашниот натпревар меѓу Баерн Минхен и Хамубргер во кој шампионот го торпедираше гостинот со 5-0 започна новиот шампионат во германската Бундес лига.
Денеска се одиграа шест натпревари во кои Борусија Дормунд славеше убедливо со 4-0 против амбициозната екипа на Борисија Менхенгладбах и потсети на годините во кои под водство на поранешниот тренер Јирген Клоп беше шампион на Германија.
Милионерите буквално го прегазија денешниот противник создавајќи повеќе шанси за гол. Избраниците на новиот тренер Тухел имаа свежина и повеќе идеи во нападот а реализираа четири. Марко Ројс го отвори резултатот во 15 минута, а до крајот на полувремето успешно стрелаа и Обамејанг и Мхтаријан. Во вториот дел со вториот гол на Мхтаријан беше постигнат конечниот резултат.
Одличен прв натпревар одигра и екипата на Шалке која славеше на гостувањето кај Вердер со 3-0.
Баер Леверкзен со целосен пресврт во вториот дел дојде до значајни три бода против Хофенхајм (2-1) кои многу ќе значат са самодовербата на екипата која следната недела ќе го игра бараж двомечот со Лацио за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
Резултати Бундес-лига прво коло:
Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах 4-0, Баер Леверкузен – Хофенхајм 2-1, Вердер Бремен – Шалке 0-3, Мајнц – Инглштад 0-1, Аугсбург – Херта 0-1, Дармштад – Хановер 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)