| четврток, 6 декември 2018 |

Пато и Балотели ќе го освежат нападот на Лацио?!

pato i baloteli

Италијанскиот калчолигаш Лацио е сериозен во намерите следната сезона да има фантастичен напад. Лацијалите имаат намера да играат значајна улога на европската сцена следната сезона, и за тоа им треба и одлични напаѓачи.
Во баражот за Лигата на шампионите Лацио ќе се сретне со Баер Леверкузен и доколку успее да го елиминира и да се пласира во групната фаза, на „Олимпико“ во Рим се очекува да пристигнат некогашната голема надеж на бразилскиот фудбал Александре Пато и контраверзниот италијански фудбалер Марио Балотели.

Пато беше на мета на неколку европски клубови, но засега до Сао Паоло не дошла ниедна официјална понуда.
Од друга страна, Балотели е на „милост и немилост“ во Ливерпул, и управата на „редси“ чека што поскоро да го продаде проблематичниот напаѓач, кој дојде минатото лето од Милан. Се очекува „лацијалите“ за вкупна сума од 20 милиони евра да ги доведат двајцата голгетери кои сигурно би ја освежиле навалната линија на римскиот клуб, каде главна фигура е ветеранот Мирослав Клосе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top