| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот со семејството се сретна со делегација на Специјалната олимпијада

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја и синот Иван денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со делегацијата на Специјалната Олимпијада на Македонија, која учествуваше на Летните олимписки игри што се одржаа од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД.

132763671

На средбата претседателот Иванов им го честита успехот постигнат на Олимписките игри и им го пренесе своето високо почитување на нивната работа, истакнувајќи дека особено ги поддржува активностите поврзани со лицата со посебни потреби.

– Вашиот успех претставува позитивен пример да се мотивираат и други да се вклучат во спортувањето, бидејќи токму спортот е еден од најуспешните начини за интеграција и социјализација на лицата со посебни потреби. Благодарение на успесите на спортистите на Специјалната Олимпијада, се промовира и нашата земја, истакна Иванов.

132763666

Претставниците на Специјалната Олимпијада го информираа претседателот Иванов дека ова е најуспешен настап на олимписки игри од ваков карактер, како и за плановите во иднина и учеството во големите интернационални манифестации кои следат, изразувајќи цврста заложба и понатаму да постигнуваат врвни резултати.

132763672

Повод за средбата беше извонредниот настап на македонските спортисти на игрите во Лос Анџелес на кои постигнаа одличен успех со освојувањето на две златни, шест сребрени и четири бронзени медали, во неколку спортови атлетика, пливање, јунифајд, кошарка и пинг понг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top