| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на претседателот Иванов на одбележување на Св. Наум Охридски – Чудотворец на Попова Шапка

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со сопругата Маја и синот Иван, денеска присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник Свети Наум Охридски Чудотворец во манастирскиот комплекс на Попова Шапка.

Чествувањето започна со света божествена архијерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф, во сослужение со повеќе свештенослужители.

????????????????????????????????????

Г. Јосиф им ги честита претстојните божикни празници на сите верници и им посака здравје, среќа и бериќет. Тој изрази благодарност и до претседателот Иванов за неговото присуство на патрониот празник.

????????????????????????????????????

– Би сакал да се заблагодарам на претседателот Иванов и на неговото семејство што секогаш наоѓа време и секоја година доаѓа овде со нас, заедно да го чествуваме свети Наум Охридски Чудотворец. Потребна ни е вашата поткрепа и поддршка, му порача митрополитот тетовско- гостиварски на македонскиот претседател.

????????????????????????????????????

За сите верници кои денеска присуствуваа на чествувањето на патрониот празник во манастирскиот комплекс на Попова Шапка беше приредена заедничка трпеза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top