Минатата недела Ким Кардашијан заедно со нејзиниот сопруг Кање Вест, ќерката Норт и сестрата Клои, пристигна во Ерменија, татковината на нејзините предци, за поклонувањето по повод 100 години од ерменскиот геноцид, кој ќе биде одбележан на 24 април.
На аеродромот во Ереван, ѕвездите беа пречекани од стотици фанови со зголемено полициско присуство. Сестрите Кардашијан се сретнаа со братучетките кои живеат во Ерменија, но и заедно со Кање и Норт беа примени од премиерот на Ерменија, Ховик Абрахамјан, кој рече дека е исклучително горд што познатите Ерменци не ги заборавиле своите корени.
Клои и Ким со братучетките кои живеат во Ерменија, Кортни и Кара
Предците на Ким и Клои, по таткова линија, емигрирале од Ерменија во САД за да избегаат од масовните масакри во периодот 1915-1917 година. За време на престојот во Ерменија, Ким и нејзиното семејство го посетија меморијалниот центар во Ереван и положија црвени лалиња пред огнот, кој го симболизира споменот на убиените 1, 5 милион Ерменци.
Ким одби да зборува пред локалните медиуми, но затоа на „Инстарам“ сподели:
– Еремнија, ние сме тука! Многу сме благодарни што сме тука и дека го започнуваме патувањето на својот живот. Благодарам на сите кои нѐ пречекаа и поздравија. Немам трпение да се запознаам со нашата земја и да каснам малку вкусна храна!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Тремоло“ на Милан Андов, Јован Балов и Атанас Ботев во Музеј во Ерменија
-
Ставрев ќе ја дели правдата на квалификацискиот меч меѓу Ерменија и Казахстан
-
Семејството на претседателот Иванов на одбележување на Св. Наум Охридски – Чудотворец на Попова Шапка
-
Шокираниот тренер не можеше да ја гледа стравичната повреда