| четврток, 6 декември 2018 |

Што да јадете додека сте на море?

Според нутриционистите, пржената и брза храна е забранета додека сте на море. Со цел да ги избегнете проблемите со варењето на храната, заморот и намалената енергија, потребно е да го приспособите менито на новите климатски услови и опуштеното темпо на живеење. Па, доколку сакате да останете во топ форма и да ја сочувате вашата витка линија, следете ги следниве правила за исхрана…

1. Пред да одите на плажа појадувајте. Овој оброк нека биде лесен, изберете житарки или сендвич со јогурт, некое овошје или природен овошен сок.

 2. По првиот оброк направете мала пауза пред да одите на плажа и да влезете во вода.

3. Ако немате апетит за време на ручекот, направете си чорба од зеленчук. Без разлика дали сте на море или дома, летната исхрана треба да биде богата со што е можно поразновиден зеленчук.

4. Избегнувајте солена и пржена храна, како и секој вид брза храна.

5. Не практикувајте често обилни вечери во ресторан. Наместо тоа, дозволете си да изедете сладолед или овошна салата.

6. Внесувајте многу течности, но избегнувајте ги газираните и алкохолни пијалаци. Додека сте на плажа пијте само минерална вода.

7. Избегнувајте лута и зачинета храна.

8. Од десерти, одбирајте овошни торти или салати.

9. Помеѓу оброците, наместо разни грицки јадете овошје.

Извор: kafepauza.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top