Суперкупот на Шпанија е неверојатно натпреварување кое се игра во два натпревари и не секогаш победува фаворитот.
Во првиот натпревар од овогодинешното издание, Атлетик Билбао буквално го торпедираше европскиот и шпански шампион Барселона со 4-0.
Среќа во несреќа е што реваншот избраниците на Луис Енрике го играат на својот стадион в понеделник и ќе се обидат да ја анулураат огромната предност.
Очигледно, фудбалерите на Луис Енрике не успеаја да се опорават доволно по исцрпувачкиот меч во Суперкупот на Европа во Тбилиси, кога по 120 минути игра ја совладаа Севилја со 5-4.
Почетокот беше спектакуларен, во 13.минута Сан Хозе постигна неверојатен погодок речиси од половината на теренот и ја „запали“ публиката во Билбао. Потоа на сцена стапи Адуриз, кој постигна хет – трик, а Атлетик Билбао стигна до историски триумф над големата Барселона од 4-0. Последниот погодок на Адуриз беше постигнат од белата точка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)