Министерството за здравство во четврток на 20-ти август ќе спроведе авионска дезинсекција на подрачјата на 9 Центри за јавно здравје (Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес), односно на вкупна површина околу 6000 хектари, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.
Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5:00 до 8:00 часот.
-За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 – 4 часа од прскањето. Станува збор за втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство заради појавата на поплави кои го зафатија подрачјето на Република Македонија, соопшти Министерството.
Инаку, согласно Акцискиот план за спречување на појава и ширење на вектор преносливи болести (со посебен акцент на комарци и крлежи), секоја година, почнувајќи од месец март до септември се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училиштен прибор
-
Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче на 1 септември во поплавените подрачја?
-
Kонзервирана и бебешка храна, пелени, средства за хигиена и дезинфекција – што им е потребно на луѓето од поплавените места
-
Педијатри, дерматолози, општи лекари по дежурство волонтират меѓу жителите од поплавените подрачја