| четврток, 6 декември 2018 |

Kонзервирана и бебешка храна, пелени, средства за хигиена и дезинфекција – што им е потребно на луѓето од поплавените места

crven-krst-2

Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека со своите седум мобилни тимови, односно 150 лица-волонтери и професионалци, продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи.

Досега, информираат од Црвениот крст, се дистрибуирани 23.954 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 9.519 литри млеко, 13.322 литри јогурт, 3.740 пакети со хигиена, 732 бебешки пакети, 191 тони вода, 732 пакети пелени, 556 душеци, 3.708 кебиња, 600 килограми облека, 491 парчиња чизми, 332 литри дезинтал. Укажани се 111 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се четири медицински транспорти.

Од Црвениот крст наведуваат дека во четирите прифатни центри „Ранка Милановиќ“, „Сениќ“, „Партение Зографски“ и „Фон Интернат“, каде се сместени 230 лица, дистрибуирале дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.

За дополнителни информации, посочуваат од Црвениот крст, граѓаните може да се јават и на телефонот 02/3139578.

Од Црвениот крст апелираат да се донира: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток и во ОУ „Наум Наумовски Борче”- Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош на жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. Досега се собрани 23.298.578,00 денари на сметката на Фондот на солидарност.

Со донирање 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 досега се собрани 12.889.000 денари.

Акцијата на собирање на средствата е планирана да трае 15 дена од денот на отварање на сметките (7 август), а нејзиното продолжување ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од поплавите согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен, посочуваат од Црвениот крст на Република Македонија.

Донациите на средства во странска валута може да се уплатуваат на:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top