Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров упати искрени честитки на одбојкарите кои вечерва во финалето на Европската лига го освоија сребрениот медал, по поразот од Словенија.
– Одбојкарите покажаа голем ентузијазам, патриотизам, пожртвуваност, верба и желба за победа презентирајќи ја својата земја Македонија. Да одиграш 12 средби во август за толку краток период и воедно да бидеш успешен и тоа со стил е навистина за поздрав. Од друга страна на обичниот гледач-поддржувач верувам дека ништо не му е јасно што воопшто се игра и случува. Секој спорт со различни правила, првенства, лиги…итн !!! Од европски, ветски првенства до европски, светски лиги, а да не ја заборавиме ни Олимпијадата. Очигледно дека е важно да се одржува постојано нешто и од тоа да се профитира, а при тоа никој да не мисли како сето тој напор да го издржи играчот вклучувајки ја и клупската сезона со својот клуб – напиша Лазаров на својот профил на „фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.