| четврток, 6 декември 2018 |

И пописот по кој плачеа сега им пречи

На­ја­ва­та од вла­ста де­ка се под­го­тву­ва за со­вре­мен по­пис, ја „свр­те пло­ча­та“ на по­ли­ти­кан­ти­те од ди­ри­ги­ра­но­то ци­вил­но оп­штес­тво. Оние што на цел глас ја осу­ду­ваа др­жа­ва­та де­ка не е во со­стој­ба ни­ту ста­ти­стич­ки да се пре­брои, се­га се про­тив тоа. Но, кол­ку и да е на­па­дот до­бро ор­ке­стри­ран, факт е де­ка по­пи­сот не се пра­ви за да се за­до­во­лат ни­ски­те по­ли­тич­ки стра­сти, ту­ку за да се опре­де­лат ид­ни­те по­ли­ти­ки и на­со­ки на др­жа­ва­та. Вто­ри­от факт е де­ка под­го­то­вки­те за осо­вре­ме­ну­ва­ње на ста­ти­стич­ка­та опе­ра­ци­ја тра­ат по­ве­ќе го­ди­ни, за што „Ре­пуб­ли­ка“ пи­шу­ва­ше во по­ве­ќе на­вра­ти

Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да се по­пи­ше. Нај­го­ле­ма­та ста­ти­стич­ка опе­ра­ци­ја не се спро­ве­ду­ва за атер на по­ли­тич­ки­те пар­тии или за атер на по­ли­ти­кан­ти­те зат­скри­е­ни зад па­ра­ва­нот од нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции. Ни­ту пак глав­на не­го­ва цел би­ла или ќе би­де ис­чи­стен спи­сок за атер на гу­бит­ни­кот на де­мо­крат­ски­те из­бо­ри.

И по­крај тоа, веч­на де­жур­на те­ма за по­тку­су­ру­ва­ње со вла­ста во Ма­ке­до­ни­ја би­ла и е – по­пи­сот. За ни­ко­го не бе­ше из­не­на­ду­ва­ње тоа што нај­го­ле­ма­та ста­ти­стич­ка про­це­ду­ра се нај­де и во куп­че­то ба­ра­ња од опо­зи­ци­ја­та на до­го­во­ри­те за из­лез од по­ли­тич­ка­та кри­за. Се­ка­ко, вр­за­но со ба­ра­ње­то за про­чи­сту­ва­ње на из­би­рач­ки­от спи­сок, тре­ба­ше да овоз­мо­жи и вре­ме за бег­ство од из­бо­ри. Ис­хо­дот е поз­нат, тоа бе­ше про­чи­та­но од си­те учес­ни­ци, до­маш­ни и стран­ски, па по­пи­сот го сне­ма во „пос­лед­но­то ма­ке­дон­ско на­ци­о­нал­но по­ми­ру­ва­ње“.

За­тоа, пак за из­не­на­ду­ва­ње, но са­мо за не­у­па­те­ни­те, бе­ше нај­а­ва­та за по­пис ко­ја дој­де ди­рект­но од пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски. На­ја­ва ко­ја дој­де во мо­мен­ти ко­га се чи­не­ше де­ка по­пи­сот по­втор­но оста­на над­вор од цен­та­рот на вни­ма­ни­е­то. На­ја­ва ко­ја дој­де ток­му од до­мот на де­мо­кра­ти­ја­та, од Со­бра­ни­е­то, ка­ко од­го­вор на пра­те­нич­ко пра­ша­ње од Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска од при­сут­на­та опо­зи­ци­ја. До кра­јот на го­ди­на­та се оче­ку­ва опре­ма­та за по­вр­зу­ва­ње на си­те ма­тич­ни еви­ден­ции, со што би се за­до­во­ли­ле око­лу 70 про­цен­ти од по­тре­би­те на оваа ста­ти­стич­ка­та опе­ра­ци­ја. Под­го­то­вки се пра­ват и за де­лот што се од­не­су­ва на те­рен­ско­то спро­ве­ду­ва­ње.

– Клуч­на­та ра­бо­та во овој дел е да се из­вр­ши на­ба­вка на т.н. „фин­гер­принт“ (от­пе­ча­ток на прст) или еле­ктрон­ска про­вер­ка на би­о­ме­три­ски­те по­да­то­ци на тој што тре­ба да се по­пи­ше за да се по­твр­ди де­ка тој е во зем­ја­та и де­ка тој е тој што го да­ва од­го­во­рот на пра­ша­ње­то. Без та­кво не­што, се­ко­гаш би има­ло сом­не­жи да­ли на­ви­сти­на чо­ве­кот што тре­ба­ло да од­го­во­ри од­го­во­рил, да­ли од­го­во­рил не­кој друг, итн. – ре­че Гру­ев­ски.

Спо­ме­ну­ва­ње­то на по­пи­сот од акту­ел­на­та власт вед­наш ја свр­те пло­ча­та на ор­ке­ста­рот од нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции фи­нан­си­ран од еден ист из­вор од кој се хра­ни и опо­зи­ци­ја­та. 46 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, на че­ло со фон­да­ци­ја­та „Отво­ре­но оп­штес­тво – Ма­ке­до­ни­ја“, во нај­а­ва­та пре­поз­наа „де­фо­ку­си­ра­ње на јав­но­ста“. Со стен­ка­ња око­лу „ле­ги­тим­но­ста на вла­ста за спро­ве­ду­ва­ње на по­пи­сот“, нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции алар­ми­ра­ат за „ру­ше­ње на до­го­во­рот од Пр­жи­но“.

Нев­ла­ди­на­та „пар­ти­ја“ на Со­рос всуш­ност по­втор­но се ме­шко­ли ме­ѓу пар­ти­ски­те до­го­во­ри, ба­рај­ќи на­чин ка­ко да ги кон­тро­ли­ра про­це­си­те. Ра­зо­ча­ра­на е од опо­зи­ци­ја­та во бор­ба­та про­тив вла­ста, раз­о­ча­ра­на е од ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор де­ка баш нив не ги по­ка­ни да би­дат за­ед­но на ма­са со ре­ле­вант­ни­те че­ти­ри пар­тии.

Ме­ѓу 46 пот­пис­ни­ци на памф­ле­тот, се пре­поз­на­ва­ат исти­те акте­ри во це­ла­та бор­ба до­се­га. Гру­пи­те за дејс­тву­ва­ње на Ли­ди­ја Ди­мо­ва, Ѓу­нер Ис­ма­ил, Фрч­ко­ски, Ми­рос­лав Гр­чев. Ама­ни за­ма­ни, ша­ма­ни, гу­шка­чи, хот­лај­ни… и дру­ги во со­би­рот за де­кор, се нај­че­сто лу­ѓе со не­јас­на пер­цеп­ци­ја за тоа што е а што не е пред­мет на нив­но ин­те­ре­си­ра­ње, од­нос­но ме­ша­ње. Но, пред­во­де­ни се од лу­ѓе кои се по­у­че­ни ка­ко да дејс­тву­ва­ат во опре­де­лен мо­мент. На при­мер, од Ин­фо­цен­та­рот НВО по­ра­чаа де­ка по­пи­сот тре­ба да е при­о­ри­тет на ид­на­та власт, за по­тоа да до­да­де де­ка би би­ло уба­во да има по­пис пред из­бо­ри­те, но из­би­рач­ки­от спи­сок мо­же да се про­чи­сти и по­и­на­ку“. Се­га Ин­фо­цен­та­рот НВО е про­тив по­пи­сот. Ве­ро­јат­но за­тоа што не го кон­тро­ли­ра про­це­сот, ка­ко што по­со­чу­ва­ат от­та­му, „ Ин­фо­цен­та­рот НВО и ко­а­ли­ци­ја­та на гра­ѓан­ски ор­га­ни­за­ции ко­ја ја спро­ве­ду­ва кам­па­ња­та за по­пис, ве­ќе ги за­поч­на актив­но­сти­те око­лу кам­па­ња­та за про­чи­сту­ва­ње на из­би­рач­ки­от спи­сок“.

Тоа што ва­ка об­јас­не­то не е ка­жа­но, а ни­ту зе­ме­но пред­вид во памф­ле­тот, е де­ка – за сè е по­треб­но вре­ме. Од­нос­но, не­ре­ал­но е да се оче­ку­ва де­ка до кра­јот на го­ди­на­та ќе при­стиг­не опре­ма­та, ќе се по­вр­зе, ќе се ста­ви во функ­ци­ја, ќе се на­ба­ви чи­та­чот на от­пе­ча­ток од прст, па и де­ка ќе се спро­ве­де по­пи­сот.

За­тоа не е те­шко да се пре­поз­нае глав­ни­от мо­тив на со­ро­со­ви­те ци­цал­чи­ња – да се на­мет­нат во про­це­си­те и да ја оди­гра­ат уло­га­та за оцр­ну­ва­ње на се­кој по­тег на вла­ста, ка­ко кр­ше­ње на до­го­во­рот. За­тоа што, во це­ли­от комп­лекс кој бе­ше до­го­во­рен, единс­твен из­лез на СДСМ од из­бо­рен по­раз е на­бе­ду­ва­ње за кр­ше­ње на до­го­во­рот од дру­га­та стра­на. И ту­ка по­втор­но Со­рос го гле­да мо­мен­тот на но­во пре­зе­ма­ње на уз­ди­те на СДСМ.

 

aktuelno153-2

Со­од­но­сот 70/30 не е ба­уч

Во пис­мо­то од Со­рос, во за­ед­нич­ко­то со­оп­ште­ние на пот­пис­ни­ци­те, стои де­ка ова ре­ше­ние не ги за­до­во­лу­ва кри­те­ри­у­ми­те за ре­а­лен по­пис, од­нос­но де­ка пла­ни­ра­но­то „тех­нич­ко-тех­но­ло­шко“ ре­ше­ние не ги за­до­во­лу­ва кри­те­ри­у­ми­те за спро­ве­ду­ва­ње ре­а­лен по­пис на на­се­ле­ни­е­то спо­ред ме­ѓу­на­род­ни­те стан­дар­ди. Тех­нич­ко-тех­но­ло­шко зна­чи де­ка око­лу 70 про­цен­ти од по­пи­сот би се спро­вел спо­ред по­да­то­ци­те од еви­ден­ци­и­те, а 30 про­цен­ти – на те­рен.

Ед­на го­ди­на по пре­ки­на­ти­от по­пис, „Ре­пуб­ли­ка“ об­ја­ви де­ка се ана­ли­зи­ра мо­де­лот за по­пис спро­ве­ден по ре­ги­ста­рот со ба­зи. То­гаш беа по­твр­де­ни на­во­ди­те де­ка се пра­ви ана­ли­за за ва­ков по­пис, осо­бе­но за­ра­ди фи­нан­си­ска­та за­ште­да што ја ну­ди. Нај­со­од­ве­тен за Ма­ке­до­ни­ја се сме­та естон­ски­от при­мер. Во таа 2012 го­ди­на, ду­ри 66 про­цен­ти од Естон­ци­те се по­пи­шаа пре­ку Ин­тер­нет.

– На лу­ѓе­то им е по­лес­но да по­пол­нат фор­му­лар на Ин­тер­нет, откол­ку по­доц­на да им до­де­ва по­пи­шу­вач до­ма – об­јас­ни­ја за „Ре­пуб­ли­ка“ од естон­ско­то ста­ти­стич­ко би­ро, од ка­де што го по­со­чи­ја раз­ви­е­ни­от Ин­тер­нет во зем­ја­та.

Дан­ска на при­мер, сво­и­те по­да­то­ци ги об­но­ву­ва че­ти­ри­па­ти го­диш­но. Се­кој Да­нец има свој спе­ци­фи­чен (ма­ти­чен) број, а тој се ком­би­ни­ра со дру­ги­те ре­ги­стри – обра­зо­ва­ние, вра­бо­ту­ва­ње, ме­сеч­ни при­ма­ња, имот, до­ма­ќинс­тва, па и со по­се­ду­ва­ни­те во­зи­ла. Квар­тал­ни­те из­ве­штаи – по­со­чи­ја за „Ре­пуб­ли­ка“ од Дан­ска, слу­жат за ана­ли­за на по­пу­ла­ци­ја­та и на ми­гра­ци­ја­та, за да, на при­мер, мо­же да се пла­ни­ра­ат гра­дин­ки­те и учи­ли­шта­та.

Ма­ке­дон­ски­от за­вод за ста­ти­сти­ка ве­ќе по­дол­го вре­ме се под­го­тву­ва за ком­би­ни­ран по­пис – еле­ктрон­ско и те­рен­ско по­пи­шу­ва­ње. Ду­ри и по­пи­сот во 2011 го­ди­на бе­ше по­пис со еле­мен­ти на еле­ктрон­ско по­пи­шу­ва­ње, со ис­пра­ќа­ње на еле­ктрон­ски обрас­ци до ма­ке­дон­ски­те дип­ло­мат­ско-кон­зу­лар­ни прет­став­ниш­тва. До­маш­на­та ста­ти­сти­ка ни­ко­гаш не до­би­ла за­бе­ле­шка во вр­ска со ме­то­до­ло­ги­ја­та за спро­ве­ду­ва­ње на по­пи­сот, би­деј­ќи се по­чи­ту­ва­ат стан­дар­ди­те на европ­ска­та аген­ци­ја „Евро­стат“. Тие прин­ци­пи се ста­ти­стич­ка ин­фра­стру­кту­ра врз ос­но­ва на не­при­страс­ност, на до­вер­ли­вост и на јав­ност.

Ток­му обез­бе­ду­ва­ње­то на тие прин­ци­пи ве­ро­јат­но мно­гу по­до­бро би ги за­шти­тил соф­твер, комп­ју­тер, си­стем, откол­ку та­ка­на­ре­че­ни гра­ѓан­ски ор­га­ни­за­ции со сом­ни­тел­на фи­нан­си­ска зад­ни­на, или пак по­ли­тич­ки пар­тии кои и до­се­га ја ми­ни­раа и ја зло­у­по­тре­бу­ваа ста­ти­стич­ка­та опе­ра­ци­ја.

Ва­кво­то ве­ту­ва­ње за по­пис мо­же да ја вра­ти Ма­ке­до­ни­ја на кар­та­та на „нор­мал­ни“ зем­ји, што се­ка­ко би ја со­пре­ла спо­ред­ба­та со Со­ма­ли­ја. Од­нос­но, и пар­ти­и­те и нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции тре­ба да се оби­дат да му да­дат шан­са на по­пи­сот, исто ка­ко и на нај­но­ви­от „до­го­вор над до­го­во­ри­те“.

Ка­ко по­пис­на опе­ра­ци­ја кон пла­ни­ра­ње на ид­ни­на­та, од­во­е­на од по­ли­ти­ка­та и од по­ли­ти­кант­ство­то, ста­ти­стич­ка­та опе­ра­ци­ја зна­чи мно­гу по­ве­ќе од по­тку­су­ру­ва­ње со про­цен­ти или со приз­на­ва­ње из­бо­рен по­раз.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 153. број на неделникот „Република“, 7.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top