| четврток, 6 декември 2018 |

Невниманието на багеристот причина за смртта на момчето кај Кичево

Едно лице го загуби животот вчера во близина на кичевското село Бачишта, во 11,15 часот при изведување градежни работи. Во општата болница во Кичево, од здобиените повреди, Башким Д. (24) од  с. Челопек, Тетовско им подлегнал на повредите здобиени од удар на стебло, кое било префрлано со градежна машина „Багер“.

Настанот се случил при изведување на градежни зафати извршувани од градежната компанија „Перпарими“ од с.Челопек за изградба на мини-хидроцентрала.

Со телесни повреди се здобил Р.И. (50) од с.Челопек, кој е испратен во медицинскиот центар во Тетово на натамошно лекување.

На самото место е извршен увид во присуство на јавен обвинител, трудова инспекција од областа на безбедност и заштита при работа и работни односи како и полициски екипи од полициската станица во Кичево. По наредба на јавниот обвинител, во текот телото на починатиот е предадено за обдукција.

ПС Кичево, против И.И.(41) од с.Челопек вработен во градежната компанија „Перпарими“, кој го управувал багерот, ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top