Во пакет со условите кои Грција мора да ги исполни за да добие финансиска помош од Запад стои и признавање на Косово, дознава Блиц од повеќе дипломатски извори.
Се почестите пишувања во грчките медиуми и најавите на тамошните аналитичари и политичари дека „Косово е изгубена битка за Србија“ имаат своја позадина. Поради ранливата финансиска ситуација во која се наоѓа, Грција мора да игра како што свират западните финансиери.
– Чудо треба да се случи за Грција во следните неколку месеци, највеќе година, да не го признае Косово. Српската дипломатија ќе мора да направи сериозен потфат за официјална Атина да отстапи од признавање, или пак да го пролонгира тој момент, тврди соговорникот на Блиц.
Условите кои Атина мора да ги исполни за да ги добие потребните пари не се само економски туку и политички. Ципрас и неговата администрација, според сознанијата на Блиц, ќе наведе дека причина за признавањето е замерката на одредени изјави на српскиот премиер Александар Вучиќ и министерот за надворешни Ивица Дачиќ.
– Ципас наводно лошо ја примил неодамнешната критика на Вучиќ за грчкиот економски модел, додека Дачиќ критикувал одредени изјави на шефот на грчката дипломатија, вели изворот за Блиц.
Иако тоа не се вистинските причини, Ципрас мора да ги претстави работите дека се води од сопствената политика, и покрај тоа што е јасно дека во меѓународните односи ќе се постапува како му наложуваат меѓународните ментори. Уште еден изговор за признавањето на Косово ќе биде тоа што Србија ја признала Македонија под уставното име.
Политичкиот аналитичар Душан Јањиќ очекува признавањето да се случи веќе на есен.
– Ципрас ќе одигра прагматично. Ќе го признае Косово за да го одложи прашањето за името со Македонија. Поради лошата ситуација во која се наоѓа нема да може да ја води својата политика. Ќе мора да направи отстапки, а тоа во овој случај ќе биде признавање на Косово, наведува Јањиќ.
Јањиќ исто така смета дека признавањето би било корисно и за воспоставување врска меѓу Грција и Албанија и албанскиот народ во регионот.
Грција е една од петте членки на ЕУ кои не го признале Косово. Меѓу останатите земји членки се Словачка, Кипар, Романија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации