| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе го приватизира автопатот Игнација

ignacija-avtopat

Грчките власти наредната недела ќе распишат тендер за приватизација на автопатот Игнација, јави грчката државна новинска агенција АНА­МПА, повикувајќи се на извори од грчкиот Фонд за развој.

Тендерот за приватизација е една од точките од договорот за исплата на под-­транша од 2,8 милијарди евра за Грција. Со тендерот, автопатот Игнација ќе се даде под 35 ­годишна концесија.

Автопатот Игнација е грчкиот дел од европскиот автопат E 90. Тој се протега од пристаништето Игуменица до грчко­турската граница во Кипои. Долг е вкупно 670 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top