Големиот емигрантски бран на Косовци кон земјите на ЕУ, кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, го организирале околу 200 шверцери на луѓе, кои главно биле стационирани во Палиќ кај Суботица, пренесува приштинскиот портал Зери.инфо.Извори на безбедносните органи, на кои се повикува порталот, обезбедиле информации за еден подолг период поврзани со егзодусот на косовците кон ЕУ.-Во недозволена трговија со луѓе се вклучени лица од Косово, од Србија, но и од Македонија, кои во периодот од неколку месеци усеале на илегален начин во земјите на ЕУ да внесат околу 80 илјади Косовци. Од оваа нивна активност тие „заработиле“ ни помалку ни повеќе туку 20 милиони евра наведува Зери. инфо.
Станува збор за периодот од септември 2014 година до крајот на март годинава, кога илјадници Косовци заминаа за западно европските земји, минувајќи ја илегално српско-унгарската граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



