| четврток, 6 декември 2018 |

Како СДСМ повторно го продаде Кичево

ВМРО ДПМНЕ до ДИК поднесе приговори за поништување и прегласување на гласачките места  0793 и 0734 во Општина Кичево. Помеѓу останатото имало повеќе гласачки ливчиња во кутиите, отколку што биле заокружени гласачи според списокот. Предлогот на ВМРО ДПМНЕ не помина затоа што претставниците на СДСМ не дадоа подршка. Доколку и СДСМ дадеше подршка, во овие две места ќе се гласаше повторно.

Ова го јавува националната телевизија „Сител“.

glasanje-480x320

Дека повторувањето на гласање во овие две избирачки места не е залудно, говори и тоа што ДУИ и СДСМ склучиле пазар да не се даде поддршка. Ако не било важно, зошто би се договарале СДСМ и ДУИ за трговија „ти мене во Кичево, јас тебе во Струмца“.

Дека повторувањето на гласањето во овие две избирачки места не е залудно, се докажува со бројки.

На цела територија на Кичево резултатите од гласањето се следни:

 
И.М. Рег. Гласале Неважечки Важечки
сите 48075 35257 483 34774

Од кои, 18.552 гласови за ДУИ а 16.222 гласови за ВМРО ДПМНЕ

ФАТМИР ДЕХАРИ БЛАГОЈА ДЕСПОТОСКИ
18552 16222

Во оспорените гласачки места резултатите се следните:

ИМ 0734

И.М. Рег. Гласале Неважечки Важечки
0734 827 578 10 568

Од кои:

ФАТМИР ДЕХАРИ БЛАГОЈА ДЕСПОТОСКИ
349 219

ИМ 0793

И.М. Рег. Гласале Неважечки Важечки
0793 1173 843 10 833

Од кои:

ФАТМИР ДЕХАРИ БЛАГОЈА ДЕСПОТОСКИ
830 3

Или, вкупно:

ВМРО ДПМНЕ (Благоја Деспотовски) 222

ДУИ (Фатмир Дехари) 1.179 гласови

Доколку СДСМ го подржеше предлогот за поништување, и прегласување, Фатмир Дехари немаше да биде избран за градоначалник во првиот круг, туку ќе мораше да чека на нови резултати, односно гласање без увезени гласачи од Албанија, Косово и европските држави, кои се и главен фактор за победата на ДУИ во Кичево.

Ако СДСМ дадеше поддршка, ќе се поништеа околу 2.000 гласови. Во прегласувањето Дехари (ДУИ) ќе имаше предност од 1.300 гласови, а најмалку 2.000 гласачи ќе се појавеа во втирот круг, без увезените од Албанија, Косово и емигрантите од европските држави.

Поништувањето на тие две избирачки места битно ќе влијаело на изборниот процес, и ќе дадело шанса на  Деспотовски за победа во Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top