| четврток, 6 декември 2018 |

На НБА-ѕвезда од Атланта хоукс ѝ се заканува затвор од 25 години

Крилото на Атланта хоукс, Мајк Скот е фатен на дело и притворен со одредена доза на марихуана и таблети метамфетин, а при истрагата призна дека е виновен по што се соочува со казна затвор до 25 години.

Скот и неговиот брат Ентон во шевролетот на НБА-ѕвездата ја пренесувале дрогата, а биле приведени при рутинска контрола од полицијата .

За Атланта ова е нов проблем, по инцидентот во април во кој беа притворени нашиот Перо Антиќ и Табо Сефолоша пред ноќен бар во Њујорк.

Скот е мошне важен играч во ротацијата на Хоукс и ако биде казнет драстично и отсуствува долго од НБА-арените, тоа ќе биде хендикеп за популарните „јастреби“.

majk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top