| четврток, 6 декември 2018 |

Европратеник бара Франција да воведе смртна казна за терористите

исис

Франција мора повторно да воведе смртна казна за тероризам за да се заштити од џихадисти од Исламската држава, изјави пратеникот во Европскиот парламент Жан Лук Шафхаузер.

– Париз мора да се заштити од Исламската држава и да донесе некои тешки одлуки како одземање француско државјанство на џихадистите, протерување на нивните семејства, забрана за враќање на џихадистите, па дури ако го сторат тоа, треба да се изведат пред лицето на правдата и да се врати смртната казна за тероризам – рекол Шафхаузер.

Оваа најстрога казна е укината во Франција во 1981 година.

Според разни претпоставки, меѓу 20.000 и 30.000 странски борци се приклучиле на ИСИС , а меѓу нив има 1.200 Французи, намногу од земјите од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top