| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС го погуби заробениот Хрват (вознемирувачка фотографија)

И покрај напорите на хрватската дипломатија предводена од министерката Весна Пусиќ и подготвеноста на египетската влада да плати откуп, грабнувањето на хрватскиот државјанин Томислав Салопек заврши трагично, објавија светските новински агенции.

salopek-S1_892146S1

И покрај напорите на хрватската дипломатија предводена од министерката Весна Пусиќ и подготвеноста на египетската влада да плати откуп, грабнувањето на хрватскиот државјанин Томислав Салопек заврши трагично, јавува „Асошиејтед прес“. Припадниците на Исламска држава од провинцијата Синај соопштија дека го погубиле Салопек, јави и АФП.

Официјални информации од хрватското МНР сѐ уште нема, пренесува хрватскиот печат. На „Твитер“ страниците на кои коментари оставаат милитантите пишува дека „Салопек е погубен поради учеството на Хрватска во војната против Исламска држава“ и откако „истече рокот од 48 часа кои ги доби египетската влада за да ги ослободи затвореничките”.

Salopek-620x350

Автентичноста на фотографиите сѐ уште не е потврдена.

Томислав Салопек беше грабнат на 22 јули утрото додека со службен автомобил патувал на работа во француската компанија за која работел. Неговиот автомобил бил запрен од вооружена група која го исфрлила неговиот возач и со Салопек се упатила во непознат правец. Пред една недела беше објавена негова снимка во која пред камера ги кажува неговите податоци и објаснува дека Исламската држава е подготвена да го размени за „муслиманките затворени во египетските затвори“. – ­Договор мора да биде постигнат во следните 48 часа. Во спротивно, војниците на Исламска држава ќе ме убијат – вели Салопек во потресната снимка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top