| четврток, 6 декември 2018 |

„Самоопределување“ се заканува со целосна блокада за Косово

Косовското радикалното движење „Самоопределување“ се закани со најжестоки повоени немири и блокади на јавните и сите други институции на Косово, доколку Приштина се согласи да формира Заедница на српските општини.

samoopredeluvanje

Генералниот секретар на ова опозициско движење Дардан Молиќај изјави дека тоа ќе бидат досега најрадикалните протести и ќе недостасува само војна.

– Само војна ќе недостасува. Ќе бидат блокирани јавните и приватните институции. Ништо нема да функционира. Тоа е планот на „Самоопределување“ во случај власта да се согласи на формирање Заедница на српските општини, истакна Молиќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top