Граѓаните на Дебар маало ќе добијат нови 130 паркинг-места наменети за гостите и за посетителите на Дебар маало, изјавија денеска кандидатот за градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и директорката на ЈП „Паркинзи на општина Центар“, Маргарита Бакев.
Новите паркинг-места се наоѓаат на паркингот на Градежен факултет, зад „Апче“, а граѓаните ќе можат да го користат овој паркинг уште од утре. Со овој паркинг- простор ќе стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ и ќе работи од 17 часот до 7 часот наутро.
– На оваа локација е предвидена изградба на паркинг-простор, составен од две нивоа под земја. Горниот дел ќе биде уреден со урбан парк, многу зеленило и детско игралиште во форма на срце, наречен Парк на љубовта, кој во иднина ќе претставува центарска атракција. Со ова ќе се обрзбедат дополнителни нови 130 паркинг-места, што ќе придонесе улиците да останат слободни, а сепак гостите и посетителите на Дебар маало да имаат каде да паркираат – рекоа на денешната прес-конференција Тодоровиќ и Бакев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.