| четврток, 6 декември 2018 |

Без вода утре потрошувачите на ул.„Никола Тримпаре“

Прекин во водоснабдувањето утре од 09.30 часот до завршување на работите ќе имаат потрошувачите на ул. „Никола Тримпаре“ во општина Центар.

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведба на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. „Никола Тримпаре“ бр.33, соопшти РЦУК по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top