Нов модерен зелен пазар во населбата Гоце Делчев вети кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.
– Моментно, пазарот е пренатрупан и околу него има голем број „диви“ прекупци. При подготвување на програмата преку непосредните контакти со граѓаните добивме предлог дека е потребен ваков пазар за да може и оние што продаваат на различни локации од градот да закупат тезга и да се намали метежот на постојниот пазар – рече Ѓорѓиевски.
Тој вети дека пазарот ќе биде модерен и ќе има простор за паркирање и за закупците и за купувачите.
Ѓорѓиевски додаде дека во неговата програма особен акцент е ставен на развојот на локалната економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата