Владимир Тодоровиќ, кандидатот за градоначалник на скопската општина Центар ги посети штитениците на домот за деца без родители „11 Октомври“. Тој најави дека во дворот на Домот ќе се гради спортската сала во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
-Денеска се наоѓаме во Домот за деца без родители „11 Октомври“ со цел да најавиме една измена, а се однесува на изградбата на спортската сала во овој дом. До нас стигна барање од граѓаните кои живеат во близина на овој дом, дека таа сала може да наштети во циркулацијата на свежиот воздух. Ние изнајдовме решение и истата сала ќе биде изградена под земја. Една таква сала градиме во основното училиште „Гоце Делчев“ која ќе биде готова за еден месец – изјави Тодоровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.