| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓу остатоците од авионот на „Малезија ерлајнс“ има и делови на „бук“ ракета

-

Холандските обвинители, кои се дел од заедничкиот меѓународен тим за истрага на авионската несреќа на „Малезија ерлајнс“, соборен минатата година над источна Украина, денеска соопштија дека е можно меѓу пронајдените остатоци од леталото да има и делови од ракета од руско производство.

Во соопштението од канцеларијата на холандскиот државен обвинител се наведува дека деловите од проектилот, можно е да се од „бук“ ракета земја-воздух.

– Пронајдените делови од ракетата се многу важни за кривичниот дел од истрагата бидејќи можеле да дадат нови информации за тоа кој е одговорен за падот на авионот – посочува Обвинителството, при што додава дека е прерано за донесување на заклучок дека „постои причинско-последична вреска меѓу пронајдените делови од ракетата и падот на авионот на летот МХ17“.

Авионот леташе од Амстердам кон Куала Лумпур и се урна во јули 2014 година во близина на селото Грабово во Доњецката област, јужна Украина, на околу 60 километри од руската граница, во зона на борби меѓу проруските и украинските сили. Во несреќата загинаа 298 патници и членови на екипажот. Поголем број од патниците – 196 беа Холанѓани, а истрагата ја спроведуваат заедно Холандија, Украина, Австралија, Малезија и Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top