| четврток, 6 декември 2018 |

Мајмунот бил украден за му биде подарен на девојче

Малиот мајмун бил украден од Зоолошката градина во Скопје за му биде подарен на девојче како играчка.

majmun

Здравствената состојба на Лука е добра, во моментов е сместен во внатрешното живеалиште заедно со своето помало братче.

Кражбата, како што веќе информираа од полицијата, се случила вчера попладнето, кога двајца посетители пресекле делови од челичните жици од мрежестата ограда и го украле младото мајмунче.

Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси кон Кавадарци.

Лицата се пронајдени и приведени околу 21 часот, а полицијата информираше дека станува збор за С.Н.(31) и И.П.А.(26) од Кавадарци. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Украденото мајмунче им било одземено, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top