| четврток, 6 декември 2018 |

Милнер: Можеби играме грдо, но баш и не ни е гајле за тоа

Англискиот премиерлигаш Ливерпул ова лето се засили со репрезентативецот на оваа земја Џејмс Милнер. Тој како слободен играч замина од Манчестер Сити одбивајќи да потпише нов договор и голема сума на пари се со цел да си го оствари сонот, да заигра за „црвените“ од Ливерпул.

Тој го имаше своето деби за новиот клуб веднаш на стартот на новата сезона против Стоук на стадионот „Британија“ и заедно со соиграчите остварија минимална победа од 1-0 во самиот финиш на натпреварот со евроголот на Филипе Кутињо.

Милнер воопшто не е загрижен за бледата игра на Ливерпул и нагласи дека секогаш во преден план е резултатот.

– Секогаш во прв план е резултатот. Ако играме на секој натпревар грдо, а притоа победуваме постојано, сите ќе бидат среќни поради тоа. Генерално, мора да ја процените ситуацијата на теренот и да се прилагодите на истата, бидејќи ќе играме против различни тимови и формации. Одликата на најдобрите тимови е да се прилагодат и победат кога не е сѐ во нивни раце – изјави англискиот репрезентативец, Џејмс Милнер.

Ливерпул во второто коло на „Енфилд Роуд“ го пречекува новајлијата во лигата, Бурнемут.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top