| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава имало повеќе конфликти од лани

Бројот на конфликти и кризи ширум светот минатата година е зголемен за девет, се вели во извештај на „Конфликт барометар“, на Институт за истражување конфликти од Хајделберг. Во извештајот Балканот е прикажан  како „воглавно изгаснато кризно жариште“.

Според барометарот за Европа, најлоша оценка односно ознака конфликт со интензитет 4 добила кризата Русија-Кавказ додека кога е Балканот во прашање, интензитетот 3 (криза со насилства) оценети се кризите Србија – Косово и Македонија со албанското малцинство.

Konflikt-barometar-1

Кога станува збор за конфликтот Србија-Косово аналитичарите оцениле дека тој стагнира, додека за македонската криза со албанското малцинство – тенденцијата расте.

Според рангирањето на институтот од Хајделберг, конфликт со интензитет 1 значи обична расправа или расправа во парламент, интензитет 2 – ненасилна криза, интензитет 3 – криза со насилства и интензитет 4 – спорадични судири. Интензитет 5 означува – војна.

По кризата на Кавказ, германскиот институт како „најтешки“ кризи во Европа со интензитет 3, го наведува конфликтот на Русија со опозицијата, кризата меѓу Велика Британија и Северна ирска, но и Романија со опозицијата.

Лани институтот избројал 399 конфликти ширум светот, за 9 повеќе од 2011 година – од тоа 8 војни, 25 ограничени војни, 43 поголеми насилни конфликти и 165 насилни кризи.

Бројот на конфликти во Европа останал непроменет во однос на 2011 година на 58, и најголем дел се оквалификувани како ненасилни судири што се водат пред се за нерешени конфликти, барања за автономија и обиди за сецесија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top