Политичкото крило на Курдската работничка партија (ПКК), Сојуз на курдските општини, ја повика Анкара да ги обнови преговорите за мирно решавање на курдското прашање.
Во соопштението на Сојузот на курдските општини се наведува дека е неопходно итно да почнат нови политички преговори со учество на лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој се наоѓа во затвор.
Преговорите со Оџалан без никакви услови треба да почнат итно. За да се случи тоа сите политички затвореници, задржани по Невруза, (курдската Нова година) во 2013 година треба да бидат ослободени и потребно е да бидат договорени поцврсти услови за прекин на огнот, се вели во соопштението.
Повикот на политичкото раководство на ПКК, кое донеодамна тврдеше дека мировните преговори се бесмислени, веројатно е поврзан со мерките за борба против ПКК, кои неодамна ги презеде Анкара.
Кон крајот на минатиот месец Анкара почна да извршува операции против ПКК во северен Ирак, при што беа уништени десетици бази на групацијата, убиени над 250 борци, вклучувајќи и командири, а над 400 сепаратисти беа ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мачење во Германија по теркот на ИСИС: Курд ја врзал жена за автомобил и ја влечел низ улиците
-
За ова работно место се пријавиле речиси 10.000 луѓе
-
Шекеринска, Павиќ, Зекири: Во кого се крсти Заев, кој сѐ е на платниот список на СДСМ
-
Тажен крај за националната миленичка – Курдската Анџелина Џоли загинала во битка со џихадистите