| четврток, 6 декември 2018 |

Меси донираше 315 илјади фунти на УНИЦЕФ (видео)

mesi-unicef-500
Лионел Меси, еден од најпознатите амбасадори на УНИЦЕФ, повторно донираше средства во добротворни цели.
Во рамки на кампањата „Сонце за децата“ Меси донираше 4,5 милиони аргентински пезоси, односно 315.000 фунти.

Аргентинецот, кој моментно се подготвува за Суперкупот против Севилја со видеопорака истакна дека „работата во УНИЦЕФ го исполнува и го прави среќен“.

Меси, исто така, преку својата страница на „Фејсбук“, информираше дека неговата фондација отворила три мобилни клиники во градот Аргелија, Колумбија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top