Екстремистичката организација Исламска држава планира да ги заземе Блискиот Исток, северниот дел на Африка, делови од Европа, Балканот и делови од Кина во следните пет години, се наведува во книгата „Царство на стравот: Во Исламска држава“.
Книгата на новинарот од „Би-би-си“, Ендру Хоскин има и мапи на подрачја кои ИД планира да ги освои.
Калифатот, држава во која во сила е шеријатското право, на мапата зазема подрачје од Шпанија на запад до Кина на исток.
ИД претходно објави мапа на калифати, но сега првпат се наоѓаат и делови на Кина.
Во средината на јули ИД објави видеоснимка на која како почетна цел на исламските терористи е означена Србија, а потоа следуваат и другите балкански држави.
На видеоснимката се наведува дека по освојувањето на Србија, ИД има план за освојување на Босна и Херцеговина, на Хрватска, на Црна Гора, на Албанија и на Македонија.
ИД неодамна објави пропагандна снимка со која им се заканува на балканските земји и ги повикува муслиманите од Балканот да ѝ се придружат или да почнат напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.