| четврток, 6 декември 2018 |

Германија има корист од грчката криза, тврдат германски експерти

германија

Германија е голем добитник од грчката криза, тврди истражување на Институтот за економски истражувања во германскиот град Хале.

Од 2010 година Берлин заработил 100 милијарди евра од трошоците за камати, кои се намалиле поради кризата.

Тие заштеди ги надминуваат трошоците, кои се причинети од кризата, дури и ако Грција не успее целосно да го исплати долгот, наведува Институтот.

– Германија во секој случај заработува од грчката криза- додаваат експертите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top