Како „шлаг на тортата“ по повторувањето на најголемиот успех на македонската репрезентативна одбојка и пласман во полуфиналето од Европската лига како и минатата година, македонските репрезентативци Никола Ѓорѓиев и Александар Љафтов се најдоа во топ 5 најубавите потези од последното коло.
Ѓорѓиев имаше импресивен поен во кој најпрвин одлично реагираше во одбрана, за потоа во напад преку тројниот блок да поентира. Што се однесува до Љафтов, тој имаше одличен блок при резултат 14-15 во четвртиот сет и во многу важен момент го запре полскиот репрезентативец во ситуација „еден на еден“, трасирајќи го патот кон победата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)