| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот на патот Тетово – Јажинце

Наносите од кал, земја и камења кои го затрупаа мостот кај селото Порој се целосно отстранети и со тоа од денеска во 10 часот целосно е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– Сега повторно е воспоставен нормален сообраќај за сите видови возила со поставени знаци за известување и ограничување на брзината, изјави Јосифовски.

Поради силното невреме што го зафати Тетово, огромни наноси од околу 350 илјади метри кубни го затрупаа мостот и патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top