| четврток, 6 декември 2018 |

„Фолтин“ вечерва ќе настапи на „Битфест“

Битолската група „Фолтин“ вечерва ќе настапи на „Битфест“ на летната сцена на „Тумбе кафе“. ­

Foltin-int110-2

 

Музиката на „Фолтин“ е духовита, страсна и жива, создава жешка танцувачка атмосфера преку брзиот ритам. Нивниот пристап во градењето на атмосферата е непредвидлив и оригинален. Освен на македонски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици.

„Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдо­емигрантско кабаре, наведува организаторот на „Битфест“ во најавата за нивниот концерт.

Во составот на „Фолтин“ се: Пеце Николоски, Бранислав Николов, Пеце Трајковски, Гоце Јованоски, Славчо Јовев и Маријан Станиќ. Постојат 18 години, имаат седум самостојни албуми, музика за повеќе од дваесет театарски претстави и многубројни настапи во Македонија и во повеќе земји од светот.

За нивната работа и неколкупати се наградувани. Последниот албум „Пијан славеј“ излезе годинава, во продукција на НУ Центар за култура од Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top