| четврток, 6 декември 2018 |

„Фолтин“ денеска на „Скопско лето“

Вечерва, (31.07.) со почеток во 22 часот, на факултетот за ликовни уметности-Сули-ан, во рамките на „Скопско лето“ концерт ќе одржи групата „Фолтин“.

Групата ја сочинуваат: Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника, Бранислав Николов – гласни и други жици, Пеце Трајковски – Брада – дирки, Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани и Маријан Станиќ – удиралки.

ФОЛТИН е една од најпознатите групи од Македонија. Постои од 1997 година. Зад себе има седум самостојни албуми, музика за преку дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. Музиката на ФОЛТИН обично се опишува како духовита, старасна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. ФОЛТИН себеси се опишуваат како ПСЕВДО-ЕМИГРАНТСКО КАБАРЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top