Францускиот институт во Скопје в четврток, 22 март 2018, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), организира концерт на македонската група „Фолтин“ со наслов „Фолтин за Франкофонијата“. Концертот се организира во рамките на одбележувањето на Франкофонијата во Македонија.
Веќе 20 години, Фолтин е на врвот на македонската арт сцена. Групата има одржано бројни концерти во регионов и надвор, а има издадено и 8 успешни албуми.
Фолтин е една од најпознатите македонски групи чијшто начин на музицирање, честопати квалификуван како надреален, создава интензивен и срдечен амбиент, а нивните настапи се претвораат во вистински перформанси.
Музичкиот јазик на Фолтин е замислена фонетска мешавина на неколку јазици, меѓу кои шпанскиот, португалскиот, романскиот и особено францускиот јазик.
Концертна програма: познати француски шансони во модерен и оригинален аранжман и песни од нивните албуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.