| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од сообраќајната незгода во Србија во која загинаа две деца

hro-u-stravicnom2
На јутјуб е објавено видео од сообраќајната незгода во Срвија за која е 48-годишен македонски државјанин е приведен. Тој е под сомнение дека ја предизвикал вчерашната тешка сообраќајна несреќа. Српските медиуми објавија дека станува збор за Бајрам J. возач на автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Виена.

Тој на автопатот Ниш-Белград, кај местото Велика Плана, од се уште неразјаснети причини со автобусот се забил во автомобил марка Тојота, која се движела пред него и која намерно ја намалила брзината за да избегне сообраќајка која се случила на автопатот меѓу две други возила.

Во тојотата, во која се наоѓало 7-члено семејство од Германија, на самото место загинале бебе и 7-годишно дете.

Сега се појави и видео од несреќата…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top