Ратко Димитровски, кандидатот за градоначалник на Кочани на владејачката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ верува дека неговите сограѓани знаат да ја разликуваат подобрата опција и оти во вториот круг ќе гласаат правилно. Тој верува дека неговиот град ќе привлекува инвеститори и во иднина, а тоа е дел од неговата програма.
– Како кандидат за градоначалник добив поддршка од скоро 700 гласа повеќе за разлика од кандидатот на СДСМ, централната Власт е предводена од ВМРО – ДПМНЕ значи можеме да продолжиме со интензивната соработка и она што го ветив во мојата програма ќе го реализирам, за Кочани да прерасне во град како што заслужува да биде. Во претходниот мандат успејав да го разбудам Кочани, реализирав 90 отстоод ветеното, делата се видливи и убеден сум дека сегашната програма за новиот мандат не само што ќе се реализира, туку и ќе се прошири – вели Димитровски.
Приоритет на Димитровски му е да создада услови за да се привлечат локални или странски инвеститори се со цел да се реши невработеноста на кочанчани.
– Вложувањето во туристичкиот центар на Пониква се отопчнати и се надевам дека осоговието ќе прерасне во главен источен туристички центар, проектот за решавање во целост на канализационата мрежа во градот и населените места и оддвојувањето на атмосферската од фекалната канализација во градот и изградба на колекторскиот систем со пречистителна станица е проект кој ќе биде реализиран и ќе е од големо значење за кочанчани- истакнува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори