| четврток, 6 декември 2018 |

Шест деца и двајца возрасни се брутално убиени во нивната куќа во Тексас

hjuston

Шест малолетни деца и двајца возрасни, се брутално убиени во куќата во која живееле, во сојузната американска држава Тексас. Децата се на возарст меѓу шест и 13 години.Двајцата возрасни се маж на возарст од 50 години и една 40-годишна жена, кои живеела заедно  со децата, како семејство.

Според полицијата, сите убиени биле најдени во куќата со врзани раце и застрелани в глава.
Бруталното убиство на осум лица се случило во една станбена населба, во реонот на Хјустон, а локалната полиција соопшти дека при обидот на полицајците да влезат во куќата, врз нив бил отворен оган, по што дошло до краткотрајна пресметка.
Пукотницата завршила откако Дејвид Конли (48), кој пукал врз полицајците од куќата каде што се пронајдени мртвите тела на осумте убиени лица, се предал.
Тој е уапсен и обвинет за убиството.
Полицијата ги испитува мотивите за ова злосторство, но се претпоставува дека станува збор за крвава разврска на нарушените односи и расправиите меѓу уапсениот Конли и убиената жена.
Полицијата верува дека едно од убините деца, 13-годишниот Натаниел, бил дете од поранешната врска на осомничениот убиец и жената што ја застрелал.
Уапсениот Дејвид Конли ѝ бил познат на полицијата и за него има криминално досие уште од 1988 година. Минатиот месец тој бил обвинет за физички напад врз еден свој роднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top