| четврток, 6 декември 2018 |

Џентлмените од Донкастер дозволија гол на празна мрежа (видео)

Фудбалерите и тренерот на Донкастер направија вистински џентлментски потег во финишот од мечот со Бјури и им дозволија на гостите да постигнат гол на празна мрежа. Во последните минути од дуелот, кој заврши нерешено 1-1, најпрво домаќините постигнаа неверојатен гол, а потоа се извинија за грешката со примен гол.

Играч на Донкастер сакајќи да им ја врати топката на противниците го изненади голманот на Бјури и ја погоди гостинската мрежа. За да биде фер веднаш потоа сите фудбалери на Донкастер се тргнаа и дозволија израмнување со гол на празна мрежа.

bjuri

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top