| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена снимка од песна на првата група на Курт Кобејн (видео)

kurt
На интернет се појави демо снимка од песна на групата „Фекал Метр“, со која познатиот Курт Кобејн ја започна својата музичка кариера. Кобејн е еден од основачите на овој бенд заедно со Грег Хоксон и тапанарот Мелвинс Дејл Кровер, кој во групата свирел на бас.

Групата „Фекал Метр“ е основана во 1985 година, а објавената снимка е направена за време на католичкиот Божик во 1986 година.

Меѓу песните на овој бенд се и „Downer“ и „Spank Thru“, кои подоцна ги преработи славната група на Кобејн, „Нирвана“.

Новата песна е само една од повеќето снимки на „Нирвана“ и Кобејн, што се пронајдени во последно време при подготовките за снимањето на документарниот филм „Montage Of Heck“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top