Зградата, според премиерот Груевски, е одраз на заложбите за подеднаква грижа и еднаков економски и социјален развој во сите делови од државата.
– Принципите на хуманост, социјална правда и солидарност се едни од основните начела на кои се поставени политиките на Владата на Република Македонија. Во тој дух, покрај борбата за што побрз економски развој на земјата, привлекување инвеститори, отворање нови работни места, зголемување на социјалната помош и подигање на стандардот на социјално најзагрозените граѓани, продолжуваме со разни мерки за олеснување на животот токму на најпогодените граѓани во земјава- рече Груевски.
Владата, посочи тој, е свесна за потребата од оваа поддршка за Демир Хисар, особено ако се земат предвид податоците за бројот на граѓани во општината кои се наоѓаат во социјален ризик и имаат големи социјални потреби.
– Токму затоа, знаејќи дека не е мал бројот на граѓани кои немаат можност да градат или купат сопствен стан ја изградивме оваа зграда која ќе им помогне на 25 семејства да го остварат сонот за свој дом- нагласи Груевски.
Покрај зградата во Демир Хисар, за социјалните категории на граѓани вакви објекти изградени се во Скопје, Кичево, Македонска Каменица, Охрид, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка, Штип, Битола, Берово и Ресен. Во фаза на градба се две згради во Прилеп и Македонски Брод, а наскоро ќе отпочнат со градба уште два објекти во Кочани и Гостивар. Тие згради, подвлече Груевски, се дел од проектот на Владата за изградба на 2.500 социјални станови, станови за млади брачни парови, за лица со ниски примања, за деца без родители и за комерцијална продажба.
Распределбата на становите, додаде, ќе се одвива електронски, процес кој ќе почне овој месец и кон средината на септември се очекува Министерството за транспорт и врски да ја заврши постапката.
Премиерот Груевски потсети на дел од реализираните проекти во Демир Хисар, меѓу кои водоводот во селото Стругово, патот од Суводол до манастирот „Пресвета Богородица“, локалниот пат Стругово – Загориче, изградба на пат за селото Брезово, пат од Радово до манастирот „Св. Атанасиј“ во село Сопотница, реконструкција на регионалниот пат Демир Хисар за Бучим, изградба на повеќенаменски игралишта, реконструкција на градскиот водовод во Демир Хисар… За наредниот период најави асфалтирање на локалниот пат за манастирот „Св. Петар“ во Смилево, реконструкција на улици во селото Суводол, реконструкција на водовод во селото Слепче, реконструкција на градскиот стадион во Демир Хисар…
– Сите овие проекти, но и многу други кои следуваат во наредниот период се јасен сигнал дека не чека уште многу работа и уште многу проекти кои се од значење за жителите на општина Демир Хисар- нагласи Груевски.
Директорот Грозданов и градоначалникот Блажевски пред присутните посочија дека ветениот проект за изградба на социјални станови од пред помалку од две години денеска е реализиран. Тие нагласија дека објект од ваков вид во Демир Хисар е изграден првпат после 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цените на становите нема да се зголемат, ама нема ни да се намалат
-
Сугарески: Следниот месец оглас за распределба на 79 социјални станови
-
Македонците навалија во Пирин: Станови во Банско се купуваат за 10.000 евра!
-
Додека цената на становите во земјава паѓа, цената на становите во Центар во Скопје бележи пораст