Претходно вчера, ваквата можност ја отфрли и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
– Со должна почит и сочувство, ние никому не му ги одредуваме празниците и деновите на сеќавање, ниту пак некој може тоа да ни го прави нам – изјави Милановиќ.
Вучиќ во петкот најави дека на претстојната конференција за Западен Балкан во Виена ќе предложи воспоставување заеднички ден на сеќавање за жртвите од судирите на просторот на поранешна Југославија.
Тој рече дека на 27 август во Виена ќе им предложи на лидерите од државите што учествуваа во судирите на просторот на поранешна Југославија, да договорат заеднички ден на сеќавање на сите жртви „кои не би биле разликувани по национална припадност“.
Како што јави Танјуг, иницијативата на Вучиќ досега ја поддржа само претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој истакна дека тоа е добар предлог што доаѓа во вистинско време и е дел од „континуитетот на мировните напори на Србија за зајакнување на помирувањето и соработката во регионот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



