По долго боледување, денеска почина познатиот каратист и тренер Димче Кичевски на 64-годишна возраст.
Човекот кој дури 21 пат беше државен првак на Македонија и двократен првак на СФР Југославија, а во 1980 година стана и балкански првак, остави длабок траг во каратетот. Во 1980 година Кичевски го освои бронзениот медал на ЕП во Австрија.
Како тренер ги предводеше карате клубовите Вардар и Водно, при што освои шампионски титули на Македонија, а неговите каратисти освоија и европски медали.
Тој е првиот селектор на карате репрезентцаијата на Македонија, а неколку години беше и прв човек на Карате сојузот на Македонија. Последните години од животот ги помина во кик-боксот, заедно со покојниот Љупчо Неделковски и неговата сопруга Александра, притоа судеше мечеви од меѓународен карактер. Кичевски е добитник на повеќе награди, меѓу кои и „13 Ноември“, признание кое го доделува Град Скопје.
До пред две години работеше и како селектор на кик-бокс репрезентацијата на Македонија, а последните години од животот беше кик-бокс судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



